Детето молчи, но мајка му спомага:
- Мими, да си се сетела да му донесеш нешто, - вели таа божем благо прекорно, но испаѓа тврдо и смислувано.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И во разговорот што го водев со Таша, (сиот протече низ прашања на кои таа божем бараше одговори), некако наеднаш, веројатно откако сфати дека разговорот се најде отскитан на седмиот колосек, таа отворено праша: дали откривањето на непознати детали немало да поттикнат кај синот нови, уште понепријатни прашања?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во расветлувањето на тајната, што не беше спремна да ми ја открие, не ми помогна многу ни прашањето што уследи, бидејќи и тоа беше исполнето со двоумење: „За да можеш да се наречеш нечиј син зар не е поважно да бидеш сигурен дека таткото ти е спремен да те прифати?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Таа божем скришум ме одвлече настрана, за да не видат другите, скришум се обиде да ми даде две навидум големи копчиња обвиткани со пришиено платно и ми рече: - Ова не се копчиња, туку два златника.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Најмногу настојувал татко ѝ на Весна: таа божем толку се плашела од Џеки и Белчо, па морале дедо или баба да ја водат на училиште и да ја враќаат.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Им пречеше дека трчаат низ тревниците, расфрлале ѓубре, ноќе лаеле и на еден куќен совет решиле да ги ликвидираат.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
За нас радост - за возрасните голема грижа.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Но таа божем не го слушна тоа. Си продолжи по свое.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)