Ја пуштивме да си оди, несвесни дека таа навистина ќе го направи тоа.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Не ги снимивме сите секвенци во челзи, нешто снимивме на Третата Западна улица, кадешто живееја Велветите, нешто во становите на пријателите, нешто во Фектори - но идејата беше дека сите тие луѓе би можеле да бидат станари на еден ист хотел.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во филмот Mario banana (1964) пак, кој исто така му припаѓа на тој ран период, Марио Монтез, впечатливо нашминкан, сензуално јаде банана алудирајќи на фелацио; ова е уште една верзија на Eat, со додавање на сексуална конотација.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Меѓутоа, дури и кога се во прашање потенцијално шокантни, сензационални сижеа, Ворхол со разни постапки создава и одржува монотонија, најчесто со репетиција („Кога постојано одново гледате грозна слика, таа навистина нема никаков ефект“); потоа со дистанцирано, ладно бележење; со држење на средиштето на настанот вон објективот на камерата, т.е. со еден кастриран сензационализам (Blow job).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во филмот сите го работеа она што секогаш го работат - беа тоа што се... (...) Нико и Лу се скараа. (“Доста ми е од тоа драматично срање, рече, таа навистина изгледа супер на контрасните црно-бели фотки, но мене навистина ми е доста”).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
А беше невозможно да играм еден од деветмината преживеани, бидејќи секоја од тие улоги требаше да ја игра актер способен за тоа.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Знаете ли дека Талула навистина го мразеше Слезак? Таа навистина го удираше.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Другарката Басотова смета дека станува збор за забуна, или обично препознавање, или пак само намера да се оцрни името на наш виден учесник во војната.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Наеднаш помислив дека сум буден и дека седам на ќебето што го имам спрострено под решетките.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А потоа, во една додатна изјава, потпишана исто така лично од гореспомнатата другарка, се истакнува дека таа навистина не може да сфати каква била целта на вашето обвинение кога тврдите дека оваа приватна скапоценост ја има присвоено секретарката на другарот Ѓурчин.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И дали доверувањето и на таквите вистини личи на разголување?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Зар има причина таквите нешта да се сметаат за тајна?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дали таа навистина не знаеше каде е родена?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Слава таа навистина не бараше, но што се однесува до „среброто“, тогаш тука, што би се рекло, пази да не! okno.mk | Margina #4-5 [1994] 71
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
На постаментот од споменикот епитаф: Овде почива правот на онаа што слава и сребро Среде светот минлив во животот овој не бараше... тоа, се разбира, е лажга.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Денес, кога ќе се употреби зборот “нација”, многу повеќе сме свесни за тоа што таа не прави и како таа не функционира, отколку за тоа како таа навистина дејствува.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Таа навистина беше една од најубавите девојки во градот. Каде исчезна, моја драга ведрино?
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Таа навистина личеше на фреска која чекори, лика слезена од ѕидот, од малтерот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ако тоа кај една индивидуа се надгледува подолго време, ќе ја сфатиме нејзината база. ќе сфатиме што таа навистина сака.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
И повремено прашувајќи се: дали таа навистина го сонувала или тоа ѝ било само повод да дојде во контакт?
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Младото тело беше припиено до неговото, масата од темна коса му го допираше лицето и - да ! таа навистина го крена лицето и тој ја бакнуваше големата црвена уста.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И таа навистина остана кај братот на Борко, кај Симона.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
А не таа навистина да дошла и тој да не ја познал.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Костадин не се лути, не се развикува како што знаеше да прави, седи така облечен во неговите алишта, климка со главата ама лицето не го врти на кај неа, пак мирно го пушта својот глас, мек, топол и во него топла грижа дека таа навистина треба да си поспие да собере нови сили, а тој ќе бдее врз внучињата нешто да не ги нараси, да не се појави стаорец од некоја дупка и да се полакоми по некое носе или увце.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
— Мори, дома ли сте домаќинки! — викна Цаца на малата врата и ја држи вратата за жапка, да се осигура од кучката, оти таа навистина не познаваше кума — побратима.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Што се однесува до неговите реакции таа навистина немаше волја да се впушта во разјаснувања.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Кога повторно би го правел овој филм, би се држел до истата формула, иако таа навистина бара многу труд и работа.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Кај современата музика, кога таа навистина е современа, немаме време за тоа одвојување (кога нѐ чува од животот), и така современата музика не е толку уметничка колку што е животот и оној што ја создава штом ќе заврши еден дел почнува да создава друг токму како што луѓето постојано перат садови, заби, одат на спиење итн.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Дали ја обесија или таа навистина сама се обесила – не се знае. Ама Пандо треба да знаел нешто.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Пролетта 1897 година било формирано “Револуционерно братство“ со цел, како што признава самиот Иван Гарванов, “да се одбие Комитетот (Револуционерната организација, односно ЦК - б.м.) од лошиот пат и да се одбегне брзањето со револуцијата, за која ние сметаме дека е предвремена, мислејќи дека таа навистина брзо ќе избувне“
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)