таа (зам.) - одвај (прил.)

Така е, Горде? Таа одвај го удостојува односниот со бегол и потценувачки поглед, па го одвраќа истиот час од него и го посветува на масата на која одеднаш станува главна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во нејзината насмевка тогаш ми се виде дека има нешто што таа одвај чека да ми го соопшти, ама се воздржува оти смета дека не е сè уште време.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа мисла ме направи да летам од радост, небаре конечно сум дознала за која среда станува збор.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не можел изгледа да си претпостави дека таа одвај чекала да зачекори во неговата желба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А кога, во средината на шеесеттите, со полна тракторска приколка челадија, од некаде на Имотот достаса еден друг Акиноски, Тоде Акиноски, таа одвај дали не беше претворена во тумба зарасната во трева.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Тода ја убедуваше Рожденката, иако знаеше оти таа одвај го чека саатот да се израдува со сват поп и зет попов син.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Застанав над неа, ѝ намигнав, а таа одвај најде сила да се насмевне... Ја бакнав в чело...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таа одвај можеше да проговори.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Не сфатил дека она нејзино негодување во врска со несигурната претпоставка, дека можело да се случи нивната врска и да успее, било само еден вид малечка итрина со која се служат девојките кога ќе сфатат дека некому му се потребни.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)