Со тоа Сара, витка жена на нешто преку четириесет години, физичар аматер која почнала да се занимава со пишување како со хоби пронаоѓајќи го таму она за што сега верува дека е вистинска активност, од сеќавањето ја бележи (на хотелски лист хартија, со молив со знак на авиокомпанијата Делта) формулата на Ервин Шредингер која прикажува развој во време на брановата функција на физичките системи, аксиом од квантната механика: /еве ја формулата/ „Топката”, рече таа потоа, брзо вртејќи се на стомак, „сега е на твоја страна.“
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)