Го извардува кога излегува од дома и влегува во алето та и таа тогаш излегува од дома и влегува во нејзиното але и низ цеповите на штиците ѕирка кон него, го гледа каде што се соблекува и облекува.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Разговорите со госпоѓа Мариела и овозможуваа да биде своја токму на таков начин и таа тогаш токму така се чувствуваше: со непристорена, природна, внатрешна ведрина.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Сега мислам дека таа тогаш в лице ми рече, море еби си мајката, шанкуре низаедно!
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Но и таа знаеше: ако Иван се сретне со него, ќе прснат искри, ќе загризе гаменот во тврдото, младо месо Иваново, не ќе загризат еден во друг, потем и едниот и другиот ќе речат - да ја оставиме таа Јана и да појдеме по други врвици, а таа тогаш не ќе може ни без едниот ни без другиот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И таман сакаше да побегне во кујната кај мајка си, свика: - Мамо, врапче влегло кај мене во собата, - таа тогаш го здогледа.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Кога почувствува во рацете дека јас нејзиното барање го исполнувам, таа тогаш, додека јас се спуштав на колена лизгајќи ѝ ги дланките преку колковите и по слабините надолу, го отпаша коланот од бањарката, се разголе откривајќи се пред мене без гаќи, со своето тело како целото излеано од млеко, ми допушти да ја изгледам па ми ја стави дланката од својата десна рака на темето и додека ги подвиткуваше нозете во колената и ги подрасчекоруваше, ми ја стегна главата, просто ми се навре на лицето...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
До тој ден некако и може да се следи по нешто од животот на Рубина Фаин, а ние никогаш не ќе знаеме како изгледала таа тогаш во бегството од Стамбол, пред тоа или по тоа.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Смеата на војникот поинаква беше, не беше како таа тогаш.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тогаш тој останува сиот со работата и таа тогаш мора да му оди.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Можеби мислеше дека таа тогаш, моментално, така изреагира.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ама не, децата како да ѝ лазеа по мислата, туку се нафрлија и неа да ја гушкат и бакнуваат, а таа тогаш избликна во едно Оф оф оф миличкте на тетка!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Тој сега имаше триесет и четири години, една повеќе отколку што имаше неговата мајка кога ја сретнавме едно понеделничко утро во беспризорниот кварт на Виена, и наликуваше на неа не во изгледот - таа тогаш, години пред тоа, му кажа дека го препозна затоа што личел на татко си – туку во начинот на кој старееше: беше проќелавен, забите му се ронеа, а коските му се искривуваа – прстите му беа чудно извиткани, и накривнуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Седнавме на креветот. Ми кажа дека од сѐ што му оставиле оние кои го посвоиле, му останал само виенскиот дом на улицата Шонлатерн, сѐ друго отишло на пиење и коцка, или поточно, сѐ друго отишло на коцка додека пиел.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Природно, валканите и егзотични болести, како и суровите обичаи и одвратните навики, играа главна улога во нејзините текстови.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Антрополозите- истражувачи коишто живеат на реката Дањак на Борнео или меѓу Курдите во Курдистан ѝ праќаа груби и граматички збркани извештаи за своите согледувања, а таа тогаш брзо ги прилагодуваше за популарна употреба.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Речиси секој втор ден таа ме викаше од работа и со глас кој одвај сокриваше радост, детално ми зборуваше за некоја нова и страшна болест штотуку откриена.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)