Модерните примитивци како да се обидуваат да докажат дека стварноста постои, дури и ако не е медиски посредувана.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Иако некому може да му попречи дословноста на постапките на театарската дружина на Атхеѕ (нема никакво фингирање, дури и клистирањето или употребата на вибратор со две глави се изведуваат автентично), не треба да се заборават поттиците и причините што Атхеѕ го наведуваат да создава таков вид уметност.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Токму таквиот вид на архитектура, која со својата рационално- функционалистичка основа ги пречекорува границите на човечноста, беше повод Хундертвасер да почне да се занимава со темата човек-станбена изградба-природа.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Нејсе, јас искрено сметав дека не му беше местото помеѓу нас.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не сметав дури и дека му е потребна поткрепа и дека токму од мене очекува таков вид подршка.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И уште една додавка. Зошто да ја премолчам?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А можеби и затоа зашто слабости од таков вид себеси не си дозволуваше?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Неговата реакција беше оправдана затоа што беше се уште рано за таков вид разговор.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Но за среќа, во сета несреќа, таквиот вид бунар беше замрзнат, па старецот, тркалајќи се низ земјеното окно, се задржа струполен врз мразот, онесвестен.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Кога го беше зграпчил за врат, тој со повици ги викнал своите двајца другари, на кои им го препуштил да го држат, а самиот само за миг си ја беше пикнал раката в чизма за оттаму да си го извлече кутичето со тутун, и барем малку да си го освежи својот секогаш измрзнат нос; но тутунот, веројатно, бил од таков вид, каков што не можел да поднесе ни самиот мртовец.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Додека тие ги кренале лактите да се избришат, од мртовецот не останала ни трага, така што тие дури и не знаеле дали тој навистина бил во нивните раце.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Господе, па зар можеше да создаваш такви видови психофизичко совршенство.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Кога се врати од Цариград, Татко донесе и еден том од Енциклопедијата на историјата и географијата од Сами-беј Фрашери, во шест тома на 4 830 страници, која го прослави авторот на првата турска енциклопедија од таков вид.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ние не правиме грешки од таков вид.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Додека се обидував да го протолкувам реченото кое оставаше многу празнини, бели страници кои можеа да се исполнуваат со различна содржина, главно како претпоставки, а јас не бев склон на таков вид размислување и градење односи со луѓето околу мене, Ема се надвисна над бирото, поземајќи ја пепелницата и, свртувајќи се, повеќе несмасно отколку планирано (така ли беше?, не знам!), со врвот на цицката, потприбрана во тесната блуза со длабоко деколте, благо ми прошета по надлактицата од левата рака.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
На секој начин би сакал Gates и Sculley и сите тие луѓе да станат подобри во својата работа, и да почнат да соработуваат со Јапонците за таков вид софтвер што ќе нѐ одведе во иднината.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Цветан Горски, по природа ненаклонет на таков вид авантура, не се спротивставувал.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Не сакам да ме разберете погрешно, јас воопшто не верувам дека во вашиот случај станува збор за таков вид пропуст“.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Кога размислувам за тоа време сега, сметам дека неговите искуства во Првата светска војна, во тенковскиот корпус во Африка, и во кралскиот воздухопловен корпус мора да оставиле голема трага во него, а и несреќниот живот со мајка ми... но тој никогаш не ми зборуваше што му значела „војната” лично и, како што си претставувам, имал премногу големо чувство на пристојност и лојалност кон неа за мене да ми зборува за таков вид нешта.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Но тој ми зборуваше за неговите односи со неговите колеги на работа во „Мејнс” (мрежа од електрични кабли што одат под земја во градовите) а претходно имав слушнато некои работи и за неговите односи со татко му.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Што се однесува до онаа, за некого радосна за други тажна игра на симпатии и на љубомора во дуќанот за сода-вода, барем на мене на почетокот ми наликуваше на обично полско глуварче случајно израснато над тесна полска патека оградена со зеленило.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Или и во таквиот вид на дружење се замешани прстите на сонот, кој, тоа барем на сите ни е познато, може да прескокне секоја граница и да совлада секаква пречка.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
За А.А., Атеистичкиот музеј во Скадар беше единствениот експериментален антиверски храм од таков вид во светот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
XIII Најпосле го чинам пресудниот чекор. Го минувам прагот на Атеистичкиот музеј, единствен од таков вид во светот, следен од зборовите на една белокоса старица: „Да даде Господ да ни живее вечно Партијата!“
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Најпосле музиката се стишува, а од ѕидовите ечи силен глас: - Другари посетители, ги запознавте тајните на нашиот славен Атеистички музеј, единствен од таков вид во светот, историско сведоштво за победата на нашата славна партија над троглавиот Бог во нашата судбина...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Авторот на книгата, при престојот во родната земја, ќе го соочат со пеколното демолирање на верските објекти, ликвидирањето на свештениците и на крајот со показот на Атеистичкиот музеј, последен од таков вид во светот (изграден во 1973 година по угледот на советските атеистички музеи од времето на Ленин и Сталин).
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тој многу би се радувал да може да ме види како се занимавам со таков вид творештво.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Потребата за таков вид активности просто му пукна во главата едно рано летно утро.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Сега и мене ми иде така. ,Диверзија е таков вид на војување која има цел да го изненади непријателот, да му нанесе што поголеми загуби во луѓе и техника.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Меѓутоа, излезе дека одбрав погрешен човек за таа работа, а во иднина почесто ќе ми се случува таков вид рапсодија во која тие што те сакаат не ги сакаш и обратно.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Се поставило прашањето за печатна пропаганда, со чија помош би требало да се придобие барем дел од општественото мислење и да се ангажираат и други кои што би сакале да прифатат таков вид борба против странскиот капитал.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Еве на кој начин самиот Шатев го поврзува и го објаснува местото на Делчев во гемиџиската акција: “Тој (Гоце) наполно го усвои, го поддржуваше и одобруваше таквиот вид на борба (диверзии - динамитни акции), зашто беше против едно предвремено општо востание кое при тогашната општоевропска и општобалканска положба, освен што немаше да даде некои позитивни резултати, напротив, ќе ја растроеше уште повеќе ВМРО, без дури да се предизвика каква и да е интервенција од страна на големите сили.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тоа била, значи, првата позначајна акција од таков вид извршена во рамките на ослободителната борба на нашиот народ во предилинденскиот период, управена против турската власт, но истовремено и против европскиот капитал.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)