таков (зам.) - збор (имн.)

Има такви зборови во неа од кои човек вивнува од срам.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Или дали латинското потекло на зборот „lubricilleux“ на ист начин го доживува франкофонот, како англофонот „lubricilious“ (јасно, кога таков збор би постоел).
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Или пак ако има таков збор но тој звучи многу интелектуално и некако латински („lubricilleux“), за разлика од приземниот англо- саксонски („slithy“)?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И што ако нема таков збор, вистински или измислен, што ја врши истата работа?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
За таков збор тие немаа чуено, а не, пак, да знаат што значи.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
КАТА: (реагира). Не зборувај такви зборови! (Го потурнува). Помести се од местото!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КАТА: Ама што зборуваш такви зборови?!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Нејќам да зборуваш такви зборови!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Разбирањето на раскажаното и на кажаното и верувањето во него потоа беа во Божји раце, оти секој има свој пат до зборот кој, всушност, е збор Божји, па таквиот збор Божји сам го наоѓа своето место во секое човечко срце.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таква една, доволно привлечна девојка без деца. Службеничка.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Па, секако, љубов. Средби. Различни такви зборови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
ЦАР АЛЕКСАНДАР Цар Александар сакаше да ходит да земит бесмртна вода.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Некога една жена, не слушаештем такви зборови, нап'лнила чун со сиџим, врза на крајо железо, и појде стред езеро, да го измерит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Вистина к'де таја излезе направи манастир Св.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тој многу ги сакаше силните ефекти, сакаше наеднаш сосема да зачуди некого, а потоа да погледне отстрана каква гримаса ќе направи зачудениот по таквите зборови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ете со такви зборови ние треба да се пресметаме.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зборот касмет, со сите свои деривации, богата и разновидна фамилија беше еден од таквите зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски, откако ја изнесе широката палета значења на поимот касмет, со различно присуство во секој од балканските јазици, се обиде да ја претстави во само една реченица филозофската суштина на овој збор: Касметот, односно судбината е тоа што ни се случува кога најмалку очекуваме!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа делумно беше сторено преку измислување на нови зборови и лишување на таквите зборови од остатоците на неортодоксните значења и, колку што е можно, од сите дополнителни значења.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тонот на неговиот глас веднаш навестуваше целосно признавање на вината и истовремено некаков ужас што еден таков збор воопшто може да му се припише токму нему.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- - Ѕвездо моја, такви зборови не ти прилегаат - ја прекори баба Петра.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Понекои од нас толку многу ги имаат што без престан ги расфрлаат околу себе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зборовите се за арч. Само за тоа. Не се шегувам. Постојат такви зборови.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
ТОМЧЕ: А, татко ми! Чекај ти само, инаку ќе зборувам со него!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТОМЧЕ: Стојанко, зошто така зборуваш? Си чула од мене такви зборови?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Игбал изговори некој збор што веројатно требаше да значи поздрав, и со ист таков збор му возвратија истовремено многу гласови.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)