Од високиот барок до неокласицизмот, пак, имате такви имиња какви што се Ле Брен, Жак Луј Давид, а секако и архитектот Етјен-Луј Буле.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Митре... Не, не можете со такво име да го крстите детето.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Но, за жал, такво име и презиме иако постоеше не беше тоа што го бараше.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Токму затоа другите глувчиња му беа дале такво име - Цивко.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
„Зарем има во селото такво име? Јас потамина така реков...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Без колебање, откако од далеку се поздрави со Милета, им пристапи, рече: „Миле, посебно ме интересира дали некој од твоите пријатели чул за некој Едо Бранов! За такво име?“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Никој нема такво име. - Никој, - се согласив. – Само еден. Јас.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Меѓу многубројните растенија претставени на килимот, едно дрво ми заличе на бреза и јас тогаш му кажав дека моето име е всушност име на дрво и, не знам зошто, но прв пат се осмелив некому отворено да му се пожалам дека таквото име многу ми пречи и ми носи големи неволји.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Другарка со такво име не познава.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Пред да го запознаам Игбал, им бев бескрајно лута на моите родители што ми го упропастија животот со такво име.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Затоа дојдов – се нанервирав – за да ме запознае. – Но, што туку се мешаш ти во нашите работи?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Не чуле за такво име.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Првпат слушам за такво име, - одговорив, божем незаинтересирано, ама признавам, сето тоа почна да го побудува моето љубопитство.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
И да не беше пошол на печалба во туѓина, да беше ѝ се појавил пред очи, уште тогаш, не знаеше што ќе направи место да му баци рака: дали да го погледне напоречки и да му сврти грб, или да му плукне в лице што ѝ дал такво име, од кое ќе се срами цел живот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Сум слушнал за такво име, ама еве сега можам да го видам и тој што го носи името....
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
- Кој има такво име? Нашиот десетар. Волк, Волкан, нели?
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Мачно ми е кога слушам – ние Егејците вака, ние Егејците така; слушам се јадат меѓу себе и со таквото име како да се делат и од нас кои тука велиме дека сме Македонци...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Јагулче, па Јагулче, си мислеше, со такво име нема да му веруваат!
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Вистинското име му беше: Методија Лечоски, но направи кратенка - Мил, земајќи ги почетните букви од името и презимето и името на татко му кој се викаше Илко за полесно да се потпишува и да не се создава забуна во поштата, бидејќи во селото имаше уште еден човек со такво име и презиме: Методија Лечоски, дрварот, кој, зачудо многу личеше на него.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)