таков (зам.) - комбинација (имн.)

Скенерот ми е премногу софистициран за да промаши таква комбинација.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Затоа се предупредувало, во случај разговорите да продолжат, дека би можело да се случи Британците да бидат ставени во позиција да го употребат своето вето на една таква комбинација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од тие причини, во Форин офис се заклучило со овој нивни став да се запознаат Владите на СССР, САД и Југословенската и Бугарската влада пред последните две да ги искрастилизираат следните свои политички чекори, со што би ги избегнале идните меѓусебни обвинувања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Синкретизмот не е само, како што вели речникот, „комбинација на различни верски форми или верски пракси“; таквата комбинација мора да ги толерира противречностите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Намото кристализира една сложена комбинација на хумор, анархистички активизам и незрелост (и тоа таква комбинација што Гомбрович (Gombrowicz) можел да ги брани нејзините доблести на насилност, на интелигенција и на порнографија).
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Измешаните насилство, сентименталност, лажност и театралност на емоциите што се во средето на конфликтот го претвораат семејството во постојано место на мелодрама.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто мелодрамата, како деградиран поджанр, се одликува токму со таква комбинација на елементи: врв на емоционална напнатост што изгледа претерано или екстравагантно; прекумерна реакција, оттука, лажност (ако гледачите проценат дека некоја изведба е „мелодраматична“, всушност, под тоа подразбираат дека е пресентиментална и „неверна на стварноста“); и сиже изнакитено со насилни кулминации.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не е битно дали даденото семејство е она, твоето, од кое потекнуваш, дали е семејството што си си го избрал или ти е новосоздаденото геј- или лезбејско семејство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Удри по љубовникот или по љубовницата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)