таков (зам.) - однесување (имн.)

Тој не може веќе ни да се праша од каде олкава дрскост кај едно толку младо девојче, такво однесување спрема непознат човек.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Другиот одговара: „А, тоа е MacGuffin.”
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Само, далеку е тоа од мене, езуит, да ги охрабрувам на такво однесување.” •Мислите ли дека идејата да стане маченик за Клифт претставуваше искушение? •Хичкок: „Да, таа идеја несомнено беше искушение за него.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се надевам дека описот ќе ни покаже дека доколку екстраординарното однесување на психотичниот го посматраме од негов сопствен агол на гледање, голем дел од таквото однесување станува разбирливо.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тоа докажувало дека сум ја знаел изјавата наизуст, дека со неа успешно сум манипулирал, а од таквото однесување произлегувал сосема логичниот заклучок дека станува збор за лажна изјава.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И наеднаш, иако не можев да го видам, го слушнав неговиот глас: - Понекогаш потрагата по она што нам ни се причинува вистина, фрла грда сенка и врз најдобрите намери - слушнав како му реплицира на иследникот човекот затскриен зад светлината што беше вперена во моите очи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Призна и самиот дека ниту ликот на мајка си не си во состојба да го повикаш и да го возобновиш во сеќавањето, барем како привид?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ова го зборуваше со некој друг тон, можеби укажувачки или изнасилено доверлив; згора на тоа не беше свртен кон мене туку кон изворот на светлината што беше вперена во моите очи, и дури тогаш сфатив дека иследникот и јас не бевме сами во просторијата на катот; дека тој не спори со некои од моите изјави туку се обидува мојот случај да му го образложи на непознатиот гостин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зар не те зачудува таквото однесување?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Притоа ја повтори и веќе изречената мисла, дека многу ќе се радува во колку ќе се покаже дека греши, но за негова среќа барем досега тоа ретко се случувало!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За време на разговорот, како што Џон и Ен ги артикулираа своите искуства за оваа спротивставувачка форма, стана очигледно дека нивниот однос не се состои единствено во таквото однесување - тие се во состојба и поинаку да размислуваат за него.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како дошло до тоа?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ги поттикнав да ми помогнат да разберам како биле вовлечени во оваа форма на реагирање во конфликтни ситуации, и да го идентификуваат развојот на таквиот начин на комуникација.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дали некогаш порано биле сведоци на такво однесување?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сексолозите од деветнаесеттиот век, секако, биле изразито против истополовото сексуално однесување, но таквото однесување, иако очигледно девијантно, само по себе не претставувало непогрешлив знак за сексуална различност,46 дури ни според големиот германски авторитет за сексуалната перверзија, Рихард фон Крафт-Ебинг, кој „перверзијата на сексуалниот инстинкт“ внимателно ја разграничил од „перверзноста на сексуалниот чин“.47
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се плашев за секој иден ден, треска ме тресеше од таквото однесување на големото преродено момчиште; јас со сигурност можев да претпоставам дека тој ѓаволски се преправа спремајќи се за иднината.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во гестовите имаше манири на жена од повисок ред за кои таа беше свесна, но нив им придаваше некакво значење само во врска со сознанието дека со таквото однесување за другите беше поинаква, необична и интересна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сафет-ефенди сега живееше со неа како ќаја во една поголема куќа среде селото Ајдинци: беше благ ќаја, справедлив, но и во тоа не беше промената, дури ако се земе предвид дека и недоверчивите селани, ненаучени на такво однесување, ќајата што не ги искористуваше го сметаа за недоветен и глупав.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И, како по нечија заповед, го напушти ставот на отсутност дури и на умртвеност, ги олабави колената, сиот се отпушти, а главата ја сврти настрана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не ви личи таквото однесување, комшија - ми се обраќаше гласот подбивно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Веројатно помислил дека таквото однесување можеше да биде погрешно протолкувано.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бев открил дека ја разгалува таквото однесување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А таквото однесување го избегнуваа не само жените туку и мажите кои ги познавам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури не спаѓаат и во нашиот слободен избор.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Дури потоа откако го придодаде кон овој вовед и заклучокот дека таквото однесување е најсигурниот пат кон Рајот ја сфатив иронијата на неговата забелешка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Погледнав нагоре, потоа надолу.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кутриот, веројатно не слушнал дека постојат и такви однесувања што не ги почитуваат нашите желби ниту пак се регулирани со некои механички помагала.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се чини беше сосема доволно да ѝ го помилуваш умеењето и оние ситници што ја величаат нејзината надмоќ па таа да се предуе од одоброволеност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Но таквото однесување зар не ви се чини непресметано па дури и навредливо?“ се исчудуваше Филип Д.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Токму таквото однесување уште повеќе ме насрчи. Навалив со сето мое искуство.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Го следеше со некоја обична насмевка за која и не размислуваше сѐ додека Томислав не дојде да ѝ рече дека тој и Божинов ја замолуваат да си ја тргне од лицето иронијата бидејќи на една културна домаќинка не ѝ личи таквото однесување. Ете и тоа се случи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Командантот на англискот брод им се извинил на нивните офицери поради непријателското однесување на граѓанството. Такво однесување и тие не очекувале.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Добро, и тоа е храброст, ама од еден друг вид, иако јас, со својата женска памет просудувам дека таа Пелагија, во колку воопшто веќе постоеше, не заслужуваше такво однесување и толкава верност од негова страна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не наоѓам ништо страшно во таквото однесување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И поради таквото однесување многумина добро платија.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Онаа Илинка, жената на Крсто касапот, не знае ни доброутро да ти рече, ни добровечер, а со неа разговор да поведеш како по коприви боса да прошеташ.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
По што ценам?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не за да го ослободам од сомнението, туку затоа зашто таквото однесување на една мајка ми се чини сосема разумно.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Најчестиот одговор на поборниците и поборничките на кусо би го резимирале вака: популарната култура само го зацврстува веќе постоечкото однесување и погледи, а ретко создава нови модели.6 Несомнено еден од критичарските евергрини е влијанието на телевизиското и општо медиското насилство врз однесувањето на (пред сѐ младите) гледачи и гледачки.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Иако во последните години оваа полемика повторно се степенува, првите подвизи на критиката од овој вид имаат корени во педесеттите, во росните години на рокенролот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Според темата нас нѐ интересираат пред сѐ оние три, во коишто се класифицирани трудовите што се занимаваат со негативните ефекти што популарната култура наводно ги има врз високата култура, врз публиката и општеството во целина.5 Обвинението за штетните ефекти на популарната култура е засновано на три претпоставки: дека однесувањето за коешто е наводно одговорна популарната култура, навистина постои и е с присутно; дека содржината на популарната култура содржи модели на таквото однесување; дека затоа има негативни ефекти.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)