Второстепениот суд не може да ја преиначи пресудата на штета на странката која се жалела ако само таа изјавила жалба (чл. 362, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4. При склучувањето и престанувањето на договорот за вработување и во времетраењето на работниот однос работодавачот и работникот се должни да ги почитуваат одредбите на овој и други закони, меѓународните договори што ја обврзуваат РМ и другите прописи, колективните договори и актите на работодавачот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Погрешна примена на материјалното право постои кога судот не ја применил одредбата на материјалното право што требало да ја примени или кога таквата одредба не ја применил правилно (чл. 345, ЗПП). 217 Папазова против Градска аптека Спор за неисплатени надоместоци1 Nemo in persequendo vel agendo deteriorem causam, sed meliorem facit (Paul. – D. 50,17,87) Со покренувањето судска постапка никој не [треба да] се доведува себеси во полоша, туку само во подобра позиција Работничката Јелена Папазова од Велес (сега 51-годишна) беше вработена во поранешната јавна Градска аптека „9ти Ноември“ во нејзиниот град – којашто, по приватизацијата, го носеше целосниот назив Приватна здравствена установа „Градска Аптека“ – Струмица, бидејќи сега седиштето на фирмата сега беше заведено во оваа општина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со договорот за вработување, односно со колективен договор не може да се определат помали права од правата утврдени со закон, а ако содржат такви одредби, се сметаат за ништовни и се применуваат соодветни одредби од закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)