таков (зам.) - особина (имн.)

За нашава тема ќе биде доволно да споменеме две такви особини.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Неговиот Автопортрет (настанат околу 1605-та, сл. десно) покажува токму такви особини.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
А врз таквите особини не може да се темели другарството.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ако еден народ само постепено си го изработува своето писмо и него го преработува и притоа во неговата историја нема такви настани што ја преполовуваат и прават цела пропаст помеѓу едната, т.е. старата, и другата или новата половина, -писмениот јазик и правописот содржат во себе многу такви особини што немаат реална вредност во гласовите во сегашната состојба на јазикот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На многу јагниња, што се раѓаа во селото, им даваа име „Рогуш“, но ниедно не израсна со такви особини какви што ги имаше нашиот Рогуш.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)