таков (зам.) - постапка (имн.)

Стариот Јанче, ситно, загрижено и постојано уплашено човече, не слутејќи ништо добро во таквите постапки на Арслан бег, отиде да побара заштита од својот господар, од Јауз бега.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дури би можел да бидам горд од таквата постапка на моите сонародници, доколку намерите не им биле про­клети.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нејзиниот гест повеќе имаше знаци на приватност отколку на службено однесување и тоа во моментот ме изненади, ми стана интерсно и ме упати на размисла за поводот на таквата постапка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Причините за таквите постапки, во секој поединечен случај, се повеќекратни.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Револтирани од таквите постапки на Гарванов (доста од затворениците започнале да веруват во тие гласови), гемиџиите, поточно Шатев, напишал една изјава којашто, потпишана од М. Арсов, преку директорот на затворот била испратена до Судот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Не мислите ли дека таквите постапки можат да ги натераат да го отворат фронтот?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ете, таквите постапки на Катерина, исполнети со неодредении пораки, знаат да ти го намалат присуството на воздух и да ти го скратат здивот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Трепериш пред нив од страв а не знаеш дека тие ти се смеат но не сакаат да го покажат тоа бидејќи таквата постапка може да им го измени ликот на поубаво а тие само како грди се почитуваат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Обврската за помирување не смее да го ограничи правото на штрајкот, кога таква постапка е предвидена со овој закон, односно пред спроведувањето на друга постапка за мирно решавање на спорот за која страните се договориле.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Штрајкот не смее да започне пред завршување на постапката за помирување, согласно со овој закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)