Не, не само што не сфаќам зпшто ние луѓето толку многу се плашиме од смртта; не сфаќам ни како може да поставам такво прашање.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Надрипросветари ги учат младите дека на такви прашања за вредностите нема одговор, дека тие не можат да се проверат ниту да се разјаснат, и дека тоа, всушност, и не се некои прашања или дека тоа се прашања „пред сите” прашања.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Сам се прашуваше, сам си одговараше, отшто немаше поачик од него за такви прашања иако имаше цела сурија кои се разбираат во зелки.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Такви мисли, такви прашања му се роеја низ главата, а некаков непознат страв, некакво зрнце од страв го боцкаше некаде во длабочината на душата и полека се зголемуваше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ете, такви прашања си поставува детето на кои само не може да си даде одговор, а да го прашува татка си знае дека нема време за такви разговори.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Зашто насетував дека таквите прашања бележат – иако на некој општествено шифриран начин – низа интуиции за односот помеѓу сексуалноста, од една страна, и културните облици, стилови на чувствување и жанрови на дискурс, од друга страна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Немам одговор на таквите прашања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Поставете ми некое едноставно прашање,” рече доктор Гете, и се приближи до една девојка која стоеше во аголот на просторијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога тој настојуваше сепак да зборува за такви прашања, таа имаше една незгодна навика да падне во сон.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Како такви прашања се: критериумите за одење во пензија (возраст и стаж на работникот), правата на работниците-инвалиди со преостаната работна сопственост, одредбите кои се однесуваат на стажот на осигурување и, во одредена мера, утврдувањето на пензиската основа и основицата за пресметување и плаќање на придонесот за пензиското и инвалидското осигурување.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Такви прашања се доведувањето во врска на примањето социјална парична помош со однесувањето на пазарот на труд, работното ангажирање на корисниците на социјална парична помош и одредбите со кои се регулира надоместокот на плата за скратено работно време поради нега на хендикепирано дете.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
А сите знаеле дека таквото прашање во секој случај не води кон добро и дека затоа не треба така да се поставува.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Сѐ зависи од службениците на вратата. Тие одговараат за таквите прашања.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Веројатно би можел да дадам делумен одговор на таквите прашања.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Медицината го зазема своето место.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
„Во која смисла?“, сакав да ја прашам, но знам дека таквото прашање сигурно ќе ѝ зазвучи непристојно. Односно, ќе асоцира на секс.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ниту студент на квантна механика, инженерство (машинство), или математика не би поставил такво прашање; наставникот е таму каде што е, бидејќи знае за предметот повеќе од студентот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Веднаш зажалив што поставив такво прашање и воопшто што моите две тетки треба да имаат вакви незгодни средби само поради мене.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Говедо... говедо... - шепкаше тетка ми клечејќи на колена врз мокриот теписон.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
И покрај негирањето на таквите информации од бугарска страна дека "уште не е созреано времето за покренување такви прашања", британскиот политички врв не можел да остане мирен.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Уште повеќе што и самиот Меклин, во ноември 1944 година, истакнувал дека Светозар Вукмановиќ-Темпо и Димитар Влахов, при своите настапи, изразувале територијални претензии спрема Бугарија и Грција, што било причина Меклин да испрати протестна нота до претседателот на НКОЈ, Јосип Броз Тито.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Кога човек ќе постави такво прашање, обично очекува одговор во стилот: “Дај, не биди параноичен” и слично.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Што да ѝ одговори на такво прашање?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ноќе, додека се обидуваше да заспие, си поставуваше такви прашања, ама одговори не наоѓаше.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Такво прашање поставуваат некои од пријателите на татко ми и мајка ми, а особено оној чичко Гоце, од Берово, мајтапчија и подбуцнувач, кој не пропушта прилика да ме зајаде.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Понекогаш ја прифаќам шегата, а понекогаш имам желба да му скокнам и да го убијам, особено ако се најде уште некој кој ќе ме земе во одбрана и ќе рече: „Мала е таа сѐ уште за дечковци. Не ѝ е уште време“.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)