Тишината беше таква реткост што копнеевме по неа, и во миговите кога настапуваше можеби без размислување молкнувавме, престанувавме со говор не затоа што свесно сакавме да ја доживееме тишината, туку говорот ни се земаше како кога се случува чудо. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Човечкиот род отсекогаш го насетувал, и засекогаш само ќе го насетува без да може да си докаже дали е тоа вистина или се самозалажува, она чувство дека во самото човечко суштество тлее некаква нематеријална светлина, нешто што можеби останува да гори и по згаснувањето на телото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)