Си одиме, му велам на Васила и зачекорувам по патчето спрема шумата над која, на долни крај, како порта низ која се влегува и се излегува од шумата, се извишува полупрстенот останат од куполата на Латинска Црква.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Остануваат уште многу такви столбови, незнајни и значајни, мисли на четирите турски кули и на нивните господари, со кои ако не тој и неговите врсници, децата ќе мораат да се потфатат еднаш, зашто се туѓинци и поробувачи.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)