Уште еден аргумент што одел во прилог на тоа да не го прифатат формирањето на југословенско-бугарската федерација лежел и во фактот што со тоа Бугарија, како земја која се борела на страната на нацифашизмот, би ги избегнала последиците коишто требало да ги поднесе поради нејзиното учество во двете светски војни на страната на Германија, а против нејзините балкански соседи и против западните демократски сили.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Советите се плашеле дека таквата федерација би претставувала заштита на Велика Британија од рускотото влијание и незина пенетрација на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Кога станува збор за формирањето југословенско- бугарска федерација, Британците биле согласни да поддржат федерација во која би влегле сите балкански држави, словенски и несловенски, без фаворизирање на која било од нив, а во ниеден случај не би прифатиле федерација меѓу Југославија и Бугарија, од едноставна причина што таквата федерација, според нив, ќе останела затворена и нема да отвори можност за влегување на другите балкански држави во неа, а тоа, од своја страна, би ја изолирало Грција, со што би ја загрозило нејзината позиција како балканска земја.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Уште повеќе се плашеле од опасноста СССР да ги поддржи нивните "експанзионистички аспирации", не исклучувајќи ја можноста идната јужнословенска федерација да го добие Солунското пристаниште како отскочна штица за натамошната советска експанзија кон Турција, што можело како последица да го има елиминирањето на Турција како европска и балканска сила.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Оваа активност била преземена за се оневозможи формирањето на една таква федерација која би можела да го загрози британскиот штитеник Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во своите анализи експертите на Форин офис сметале дека таквата федерација би требало да се формира под контрола на една од големите сили, па дури својот авторитет таа да го наметне и со помош на принуда.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Од тие причини, британскиот политички естаблишмент цврсто застанал на становиштето за статус кво во однос на Југославија, а посебно да се оневозможи секој обид за обединување на Македонија и оној вид федерација под знакот на пансловенското и комунистичкото обединување, зад кое би стоел СССР, а сè со единствена цел, да се намали силата на Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Таквите размислувања на британските политичари и дипломати се должеле главно на тоа што на настаните на Балканот тие им приоѓале од догматско становиште, а притоа биле полни со предрасуди кои докрај им го замаглувале објективниот увид во тој многу сложен проблем.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во однос на прашањето за југословенско-бугарската федрација Стејт департментот сметал дека таквата федерација повеќе би претставувала пречка отколку фактор на стабилност во југоисточна Европа, образлагајќи го тоа со фактот дека "соседните несловенски држави, вклучително и Турција, тоа би го сметале како опасност за нивната безбедност".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Британскиот страв се зголемувал и од сознанието за поддршката на една таква федерација од страна на СССР, имајќи ги предвид културните и етнички сличности.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Затоа нивниот став бил против склучување таков сојуз пред склучувањето мир меѓу Бугарија и Обединетите нации.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
273 На 15 декември 1944 О. Сарџент го запознал британскиот амбасадор во Москва, Кларк Кер, „со нивната намера да се запознае Советскиот Сојуз со нивниот став во однос на македонското прашање“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)