И ако се врзеш за јарболот да не те заведе случаен бран дрвото, стоплено ќе разлиста и ќе те гушне.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Те гушнавме и бакнавме за последен пат.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Се приближивме кон твојот кревет те гушнав, ти кажав некој збор, не се сеќавам што.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Ја гушкав твојата слика, плачев, многу плачев, сакав да се врати времето, па тебе да те гушнам и да ти кажам колку многу те сакам.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Како на стар проектор се редат сцените: првиот плач во болницата, непроспаните ноќи, пелените, кашичките и чајчињата, медицинските енциклопедии, остави ја цуцлата, треба поголеми патичиња, не во уста!, „две рачички со десет прста“, Ноди-тракторот Том-Мики Маус, како прави магарето?, кликни на црвеното кругче, дувни во свеќите, ајде да градиме куќи, дојди да те гушнам, одиме во парк?
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Ќе те гушне ли, ќе те завитка со опашот и тогаш ти нема спас.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)