И... И доста ме давиш! - Не те давам, туку те прашувам.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И чека сѐ додека не забележи дека стравот ти влезе в коски, дека ти го совлада мозокот, те фати за грклан, за гради, те стега, те гмечи, те дави, дека губиш виделина и кога ќе види дека почнуваш да се гушиш, да трепериш, да губиш виделина, тогаш знае дека во тебе го внесе зајакот; престанува да тропа чизмата на подот, тупаницата да удира на масата... од очите му се одлива крвта, на усните му се појавува некаква скриена итрина и без да откини поглед од тебе, ти подава ливче и тивко, тукуречи добродушно, ти вели: - Читај! Гласно!
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- У, у, ќерко, не зборуј така, ами ич те дават татко ти за тоа момче што јет таинџија?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Татко ти ќе те даит за некој царски син што да му је акран нему, а не за сиромав - је рекла царицата, као нажалено.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Таа се затега, нежно те дави.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
А Бузо му рече: „Нека те дави нечистиот! Повеќе не ми требаш...“
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)