Што сме ние криви што играта така ја измислиле: еден те чува и трча како куче околу тебе, а другите те дрпаат, те штипат потргнувајќи се итро пред клоците на чуварот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Отсекаде раце се подаваат, те дрпаат за лакти, за скутина: те молат да им дадеш нешто. А што да им дадеш кога и ти си како нив.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Што сме ние криви што играта така ја измислиле: еден те чува и трча околу тебе, а другите те дрпаат како кучиња, те штипат потргнувајќи се итро пред клоците на чуварот.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)