Ќе те турчи!... Верата ќе ти ја мени!... Во харем ќе те затвори и ќе те забули!... Каде полошо од тоа!...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Те затворив во молк, во својот молк, а еве пак си ми тука како студен кладенец како свежа капачка в треви.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
- Треба тебе, немирнику, да те затворам. Бегај одовде.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Немам сила, немам храброст а знаеш љубовта е нема а јас ко чедо на амор се претворив во дух... ќе изградам куќа од зборови и во неа би те затворила со клучот на моето срце би те чувала да бидеш мое гнездо во кое слетува мала птица да бидеш мој дом со отворена мускулна врата за срцето на малата птица лекокрила, многу нежна да бидеш свежо утро но тиха вечер... светилка што искри во мракот во мојата коса, една надеж, небиднина една среќа во ѕидините на срцето што се руши ко стена да бидеш последна љубов дојди, не оди си, дојди!!!
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
„Зошто те затворија?“ праша Винстон. „За зломисла“, рече Парсонс речиси пелтечејќи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И ќе ти кажам дека никогаш не сакав да те затворам. И ќе ти кажам дека ти ме расипа.
„Курвите на ѓаволот“
од Елена Велјановска
(2013)
- Го сакам, зашто вие го мразите... - Оној што те затворил...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)