Оче Симеоне, добро би било да си гуштер и да се печеш на земја крвава од прострелано сонце; кога некој ќе се обиде да те зграпчи, ти го оставаш опашот во неговата рака и бегаш под прв камен.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Власта има долги раце. Ќе ги подаде и веќе ќе те зграпчи за гуша. Навистина, суд. Ништо друго.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
„Подмолна работа. Може да те зграпчи, а ти и да не знаеш.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не смееш повеќе со нив да се дружиш, нивните зборови се лажни, нивната љубов е лажна, така мило ти се насмевнуваат додека им паднеш в раце, додека те зграпчат, потоа како малечко ѕвере ќе те фрлат во кафез, во строј, во редот, во проклетиот дом.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
А кога ќе размислуваш кога време не ти даваат, повтор со канџите нивни те зграпчуваат, не знаеш дали си на земја, или на небо.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)