Грета: Чека на маж ти да му помине година па тебе ќе те земе!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Кога сега би имал деца нема да знаат каков си бил кога си имал коса!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
- Ѓавол да те земе, колку си се преправил тептил42) што ни јас не можам да те познаам!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Токму домаќинот и Гоце се беа расприкажале, кога на портата се чу силно: - Бам-бум!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Тој ќе те земе, ќе скрши глава негде, и ти со него.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ако се вратам жив и здрав, пак тебе ќе те земам… Се разбира, ако ме чекаш…
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Или, ти си момичка за мажење, не те земаат, а?
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
А штом ќе помине времето што си погоден со компанијата, се разбира ако не ти е арно таму, ќе му пишеш да те земе кај него. Разбираш?...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
- Тебе, не можам да те земам, но Ели веднаш ќе тргне со мене.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
МЕТОДИ: Долу, кај аголон ме пресретна шоферот на Иванов. Го испратил да те земе тебе и да те одведе кај него. И тебе и Ивана.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Но иде за да те граби, да те одвлече жива одовде за да те земе за жена, да те потурчи оти си убава.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Блазе си му на тој маж што ќе ми те земе, блазе!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Блазе си му на тој што ќе ми те земе, блазе! (Се приближува до Антица и тивко и поверливо): Ќе ти речам еден збор, ама жив ти што ти е најмило да не се чуе.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
- Туку, Радо кој рече дека ќе е кавалерот што ќе те земе од дома.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се разбира, во меѓувреме почнува да те боли глава, па му се јавуваш на среќникот, ако му е попат, да те земе со автомобил зашто и така детето ти е на дом-сместување и исхрана кај пријателката ти, т.е. кај жената му.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ете, ти си жив пример дека некој стар скопјанец решил да те земе тебе и гледам дека кривите колци ама ич не му пречеа“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И така, до крајот на одморот кога овие што те зеле со себе, како за ГРЕВЧЕ се грижат и за тебе, а богами и за твоето мало детенце, па твојата пријателка-баба му раскажува приказни пред спиење за ти да можеш да си ја смириш мигрената, и заспива заедно со твоето и нејзиното.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Бледата светлост запали две искри под неговите натуштени веѓи. - Тебе ни гробот не ќе те земе.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
- Тебе ни гробот не ќе те земе. како тоа, помниш ли.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Еден ден дојде мажот ѝ и ми рече: Миле, сега за извесно време немој да доаѓаш кај нас, зашто слушнав дека комшиите решиле, следниот пат кога ќе дојдеш кај нас тие да те грабаат, со сила да те земат.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Не помина саат–два, еве едно момче ми викна: Милка, оние момчињата се останати во селото кај некој роднина, ќе дојдат сосила да те земат.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Слушав како му вели татко ми: Зарем таа жена го заслужила тоа, од добро семејство е и богата, кај татко ѝ имаше и да јаде и да пие, но те зеде тебе, за да има покрај себе маж.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Потоа дојде чичко ми и рече: Миле, ја гледаш ли секирата, ако беше тука и ако се дрзнеа да те земат, јас ќе утепав некого, штом ми дојдоа дома за вакви работи, нема да одговарам пред законот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Од сонот да те земе не може никој, Сонот е сојузник мој!
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Пишува ли нешто над портата? Пишува, нејасно, па јасно и пак нејасно, но да се задржува човек е сомнително, покажуваш дека си новак, дојденец, туку ќе те вчапи некој за јаката и темната ќе те земе!
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Нашата пријателка, докторката Милја предложи да те земе некој ден да полежиш на одделот кај неа, иако тоа немаше врска со твојата болест, но барем да може малку да те подигне со инфузии што не се даваат во домашни услови, плазма, трансфузија и друго.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Тука, пред сите, му вели таа во себе, се заколнувам дека нема да те заборавам на оваа тумба, кога ќе се враќам назад во Македонијата, ќе те земам со себе.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Сме те зеле у средина, можиме и да те сомелиме! објаснува Петра и за да го промени разговорот плашејќи се погрешно да не ја сфати Митра шегата, уфрла дека надвор излегол и Дине Бочаровски, на ава, ама и вреден бил, ја крпел бараката, во омјасот се гледало дека му е добро, ама дека првата ноќ не сме се покажале како луѓе, а и на добро излегло Вака барем сам си има кујќа! заврши Петра.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Лели те зема он на душа, слободно такцај му.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Од каде знаеше дека ова ќе нѐ снајде, врагот да те земе... Тој им рече: - По себе си...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Не коби, врагот да те земе! - му викаа луѓето и фрлаа кофи со вода по засирената крв да ја измијат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ќе те занесат, ќе те земат со себе.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ѓавол да те земе! Отвори и не терај шега!
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
1. „...толку сакав да те земам
од подземниот трем на времето
гласот да си го припитомиме
спасот да го измислиме.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Не те зеде во одбрана?“ „Тој? Ја бакнува мојата рака.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
- Роме, нечистиот да те земе! Кој враг те натера да му го отепаш кучето на Лешо!
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Профим настојуваше да те земе од болница и да те донесе овде, а таа, вчудоневидена, потресена од она што Профим го сторил, почна да паѓа во несвест. Ѝ беше тешко, ги земаше девојчињата и бегаше кај мене; јас ги прибирав, но немав што да им правам, со што да ги хранам.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Како „е па што“ врагот да те земе, таксирати нови ни дојдоа“. „Е па што...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кога те зедоа тебе, утредента го прибраа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Ќе те земам друпат, - одговори тој и за да го спречи нејзиното плачење и врескање, брзо додаде.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
„Добро“, ѝ рече конечно. „Ќе те земам за жена, но само ако ми кажеш од кого ти е детето!“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)