И сам знае дека е така најдобро, и знае дека и сите други си мислат дека е најдобро Лазор да направи така сам како што вели, да го отепа Хаџи Ташку среде Прилеп и среде бел ден, но зашто не сака да го жртвува Лазора вели Властите можат да си помислат дека ние сме те испратиле да го отепаш, сме ти платиле за да го отепаш, па пак ќе се свртат против нас.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Можеш да им се заколниш на агите дека само тоа правиме. Ако тие те испратија да душкаш зад ѕидовите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
— Толе, брате, тебе господ те испрати денеска да му помогнеш на својот народ.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ова го разнежи и Толета. Се разнежија и четниците, и Толевите другари.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Ти си предавник!“ викаше момчето. „Ти си мисло-престапник! Ти си евразиски шпион! Јас ќе те убијам, ќе те испарам, ќе те испратам во рудниците за сол!“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не, не ти се лутам јас тебе: со безбоен плашт очите ти ги покрив, да не ме гледаш, па те испратив од мене за навек, одвојувајќи те со сенка, посенка од разделбата...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
- Прости ми до небо што не сум во можност да те испратам. Имам еден сериозен случај.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Им се заблагодаруваваме на луѓето што дојдоа да те испратат.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
ФРОСА: Многу ќе го поздравиш и од мене и од децата. Кажи му дека и нив ги имав земено да те испратат.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
„Но, како ќе одиш? Сама? Јас ќе те испратам до дома.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Ако е за да се поврти, ќе дојдам да те испратам. (Излегуваат.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Ама тебе ќе те испратам до Самовилската ливада и до езерцата.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- Јас ќе те испратам, - свикав воодушевено.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Алабилер уште и до ден - денеска не ќе биди појден на аџил'к.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Ами, аџи, лели попоите со литии од црква ќе дојдеа, да те испратат?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Мнозина луѓе беа застанале да го гледаат попо како се валкал во калта.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Утрово замина од мојот живот. Те испратив намерно.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Ќе те испратам далеку кога повторно ќе почнеш да тонеш.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
„Можам да те испратам до факултетот,” му реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Не,” рече тој. „Те молам оди. Сам треба да одам.“ Ме истурка до вратата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ќе те испратам да станеш комита. И запамети: отсега имаш само еден родител: организацијата.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
- Ако правиш пак гости, ќе те испратам кај господа, му вели војводата, да не речеш дека не ти кажав, му вели. Ама од лево уво влегло, од десно уво излегло кажаното.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Секој гостин се испраќа, му вели војводата, па и јас сакам да те испратам. - Не правам повеќе гости, се моли Џемо полјакот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)