Ми рече: - Замисли сега овде пред сите, да те побарам за жена.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
А тој што ќе те побара го дочекуваат само два збора, воена тајна.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но не брзај во потрагата, зашто верувам кога ќе дојде времето и тој сам ќе те побара.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Мајко, ах, навистина мајко, дојките да ти се исушат што ме остави сам! Кај да те побарам?
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Па, кога како хор ќе дојдат да те соберат тебе и тоа „три кила месо со очи“, сите во нови алишта и чевли и со поворка до автомобилот, а сето снимено и фотографирано по принцип „секој со секого и секој со сите и со бебето“, протрчуваш до аптеката во болничкиот двор и пазаруваш протект апчиња за секоја евентуалија затоа што знаеш дека во следните шест недели никаде нема да одиш освен до креветчето и до јажето за пружање пелени, бенкици и „шведски“, а нему си му пожелна како првиот ден, и дека многу бргу, веднаш по првата недела, ќе те побара под ќебето.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Секако тебе ќе те побара Ефтим „Трупалено“. (Лицето и се зажарува, а градите и играат.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Ама, било за да останам, ниеден куршум не ме фаќа. „Некогаш и господ ќе те види и ќе се замеша, велеше мајка, и да не го викаш ќе те побара, ќе застане да те брани.“
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- А, ако те побара лекарот?
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Дури и да не ти одговори сега, - ја предупредуваше лекарот, - ќе видиш дека кога ќе порасне уште малку, сам ќе те побара.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ако чекаш таму сигурно ќе те пронајдам – втасав да ја предупредам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ќе мора да ме почекаш. Јас сум тој што ќе те побара.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Пред полноќ се решив да те побарам и да се стивнам.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ќе те дадам на прв што ќе те побара и нема да заплачам по тебе.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
И војводата мавнува со раката и комитите ги тргнуваат штиковите од под гушата моја. ־ Ај, сега оди си, вели војводата, ние пак ќе те побараме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И така, така, ќе се премислат, ќе ме пуштат. - Ајде, оди си, ќе ми речат, ние пак ќе те побараме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ама, патем, само едно исто ми се одѕива во ушите: „ние пак ќе те побараме, ние пак ќе те викнеме“ .
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Ха, ако ти е татко, зошто досега не те побарал...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)