Истовремено, повеќето такви мажи си ги задржуваат општествениот статус и чувството на субјективна овластеност што им припаѓаат на сосема полноправните мажи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Исходот од тој родово конститутивен процес се јавува во многу аспекти на формирањето на мажествениот субјект кои се земаат здраво за готово и кои поради тоа се инстинктивни: тие аспекти се движат од чувство дека имаш право на сопствените чувства и мислења до чувство дека имаш јавен свој простор или барем дека во него ти е удобно, до уживање на правото на говор и на можноста да ѝ се наметнеш на група или да ѝ ги наметнеш своите ставови, до запоседнување на сопствена еротска автономија и сопствен сексуален субјективитет.
Геј-мажите, тогаш, се и како стрејт-мажите и различни од нив, исто како што се и како стрејт-жените и различни од нив.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Маж кој чувствува хомосексуална желба нужно се става во положбата на сексуален субјект и во општествената улога на жена, сигурно според перцепциите што другите ги имаат за него и – барем на некое ниво или до одреден степен – според неговата сопствена перцепција за самиот себеси.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сега можеше и да се радува што ќе биде неколку недели надвор од оној до ситници раздробен и познат ден во селото, кога сеќаваш како секој поглед, секој збор, оди против тоа да те препознае и да те признае, те пренебрегнува, те премолчува, те принудува на една спарушеност, на една изветвеност од честите среќавања, од долгото гледање и од долгото познавање.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Да те признаат и да те третираат како машко неминовно значи и дека си општествено и субјективно конституиран како машко.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)