Бог да ја бие мајка ти, зошто те роди убава, -почнува длабок звук да ја тревожи Петровата душа, научена да се обраќа со песна.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Не, бог да ја благослови таа твоја мајка, што те родила толку необична и убава, за да гори и да страда од тебе мојава душа, зашто е слатка таа болка и пуст би бил без неа мојов живот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Бог да ја бие мајка ти, зошто те роди убава, прозвучува пак во него.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Штом те роди во смрт води, Низ пламенот, до горот и изгорот, До целта низ пепелта, до каменот Преку вратот, до висината, низ Бесилката, низ нишанот на челото, Од песната, до опелото. Твое.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Друг искрено го сожалува: „Така ти било пишано да живееш сам како диво осле, како што те роди мајка ти на нивата...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Не сфаќам. Збунет сум. - Зошто те родив толку будала бре синко, - ми вели мајка ми.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Стефан или Јеремонах Захариј, таткото на Спиридона, твојот дедо, кој го роди Петрета и кој те роди тебе, те дочекува и се радува, сине мој.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
- Како не роди мајка ти една вреќа гасеници, вели Наќе, само тебе да не те родеше.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
В тишината балансира зелен водоскок тажно извишен и кроток стои тој Децата ги ронат гнездата на звуците па е така безнадежно сам Ослони се одмори се невина на рамената на ветерот не ведни се крени се за еден поглед мал над оваа премногу нерамна висока разбранета ливада на куќите Тогај накваси го грлото на нивните црвени треви тие ја помнат земјата што те роди
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)