ЉУБИ, ЉУБИ КОГА СИ ВО ЉУБЉАНА љуби, љуби кога си во љубљана трипати љуби еднаш број кога си на тромостовје љуби на куб, љуби трипати на куб љуби, љуби шестпати по шест љуби колку што можеш да испиеш кригли пресно лашко во гостилницата шестица на улицата која до вчера се викаше титова замижи машки и љуби, љуби кога се качуваш со лифтот на врвот на неботичникот во центарот на градот којшто мижи кога љуби и кога ќе отвори очи цел живот ќе игра мижитатара љуби, љуби кога си во љубљана запни како кога се дава вештачко дишење уста на уста и ич не бери гајле што те сметаат за заостанат во развојот љуби, љуби кога си во љубљана и кога бараш ново скришно место за љубов иако има многу корпи за отпадоци ти сепак фрлај ги зрнцата од љубење по улиците за да знаеш по кој пат да се вратиш љуби, љуби кога си во љубљана овде никому не му е особено важно каква боја мирис и вкус има љубењето а не е во план и изградба на музеј на модерното љубење во кој ќе гори заборавено а ѓоа вечно оганче што ќе го подгрева здивот на засипнатите славеи а штом ќе нема музеј ќе нема ни модерни гатачки пред портите на музејот кои низ дланка ќе ви буричкаат низ иднината на љубењето како надминато минато љуби, љуби кога си во љубљана и ако цапнеш во некоја дупка на млечниот пат по кој се пентраш до емона речи си пу-пу машала ќе си најдеш ново љубење а на врвот на ридот секако ќе ги најдеш прешерн и неговата јулија како сркаат врел планински чај и на љубопитните им шиткаат бројаници од бакнежи и од мигови колку мигови трижпати повеќе бакнежи сите да ти велат ти да не веруваш ама така се рекло и нека биде така како што се рекло дека лично прешерн излеан во бронза крај тромостовјето севезден им врти грб на старите и штрби баби тадури и и’ го плазел јазикот на тишината како оној разбушавениот ајнштајн кој си го изгорел јазикот баш во хирошима и нагасаки којзнае дали тоа го рекол баш ајнштајн ама љубел не љубел времето си врви љуби, љуби кога си во љубљана љуби без наситка остај си малку време да се сликаш пред магистратот со лидија димковска и алеш мустар кои рака под рака влегуваат во мирисот на секое цвете и растат, растат миризливо љуби, љуби кога си во љубљана и да папсаш утре пак ќе ти се љуби љуби, љуби кога си во љубљана и имај на ум дека никој не знае што носи утрешниот ден и дали баш ќе биде нов ден ново љубење љуби, љуби кога си во љубљана и не заборавај дека си на запад, во европа каде што денешната работа никогаш не се остава за утре.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Поголемите по гаќи и маички. А најголемите само по гаќи, инаку не те сметаат за маж.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- ја замолив, а себеси си реков: „Ех мој Ведане, да може од некоја страна да те види Абраш, како се пазариш со мајка ти, за жив нема веќе да те смета, а не за водач на банда.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
ИЛИЈА: Така, бабо Анчо. И јас веќе како права мајка ќе те сметам. А сега веќе време е да си одам.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Не можам да сфатам како можи некој да си дава за право да ти го оспорува идентитето, обичаите, начино на живот, културата, да ти го оспорува правото на живејш и работиш таму каде шо си роден, да те брка од дома, да те смета за помалку важен од себе.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
ЈАС: Не биди будала и смешна, јас се дружам со надежта што тебе те смета за грешна!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
2. КНИГАТА Е ЧЕТИРИ ОЧИ - двете биле да видиш кој те смета за глупак, другите две ко клинци на меморијални плочи неизвадно се заковани во школската клупа...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)