Не за оние што едно чекаат, на твоите зборови да профитраат, во туробна машина да те фрлат, за објава, за критика за слава.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Во амбис, сакаше да те фрли, но прво да те мачи...
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Земскиот бог те фрли во арена опкружен со злите кучиња за прести а тој одозгора сеирџиски ве гледа и смртта ваша за него е фетиш
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Те фрлив во светов сред лукави птици бистра вода, сенки, умилни песни на сирени бранови и бури, карпи, зрели и сочни жени.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Ако те разјадат некојпат забиве мои на брег ќе те фрлам зошто си си?
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
- А ќе се научиш ли да пливаш ако не се нурнеш во водата или ако не те фрлат во брановите?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Онаа, кога ме поучуваа дека е доволно да се родиш со касмет па иако ќе те фрлат на буниште!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Будала – и висттински слушав како од далеку ме исмејуваше Дуда – не само што зборуваш од инает туку и она што го правиш го правиш од тој проклет инает. Затоа си овде, на буништево!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не смееш повеќе со нив да се дружиш, нивните зборови се лажни, нивната љубов е лажна, така мило ти се насмевнуваат додека им паднеш в раце, додека те зграпчат, потоа како малечко ѕвере ќе те фрлат во кафез, во строј, во редот, во проклетиот дом.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ист си како онаа чија крв ја носиш, и која, да не те дала на посвојување, ќе те фрлела да умреш на улица, за да не ѝ пречиш кога муштериите легнувале меѓу нејзините нозе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ти некогаш се прашуваше: ‘Кој сум јас?’ Сега го знаеш одговорот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Немаш коњ да го бодниш и да те фрли и ти пак да му простиш откако ќе се врати и со влажни очи ќе застане над тебе.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)