Ако Dancing Ledge, покрај сето богатство од детали за приватниот живот, општествените и културните случувања од педесеттите, шеесеттите и седумде сеттите години во Англија, за желбите, соништата, првите филмови и успеси, претставува колажирана слика на борбата за право на филм за Караваџо (во 1986 г. излезе и преубава сликовница Џармановиот Караваџо, која претставува луксузна документација за сите фанови на дуетот Караваџо-Џарман), книгата The Last of Eng- land е документација на трудот околу раѓањето на истоимениот филм, исказ за крајот на декадата, за загубата на илузиите, животот со вирусот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Со симнувањето на превезите од тоа име, коешто е и знак и симбол и едноставно напишано име, влегуваме во ЛАВИРИНТОТ наречен “екскомунициран уметник, повеќекратен аутсајдер, вљубеник во љубовта како единствен вистински пат до вистината”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Постојат живот и филмови пред филмот за Караваџо, и се одвиваат живот и филмови после електричарскиот “biopic” за маниристот и криминалецот во една иста личност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)