Тогаш почувствував дека статусот ти значеше многу повеќе од младата Чехиња која од тебе бараше трошка човечност.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Поза
Додека месечината од мракот
парампарче прави во нас
несвесното е распослано
како освојувачот пред Рим
кајшто сите патишта водат
тој што во тебе бара
сличности
со историски ликови
фрески
соѕвездија
твој домородец е
варварин биди
испади го
биди
на оваа гозба нема
ни мудрости ни шлаканици
ќе се сликаме голи и гладни
додека ги јадеме
животот
и лебот на љубовта
и за твојот и за нивниот
мирен
сон.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Уште нешто, јас и Пеличка од тебе бараме да ги фрлиш тие машки пантолони, во убави роби да се променуваш за да се види дека ни една мома не ти е рамна во убавината!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Тој рече: „Од тебе барав само да ми дозволиш да испијам едно шише вино од твојот папок; но ти не дозволуваш; и самата знаеш, Луцијо, дека заслужив многу повеќе од тоа што го барам.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)