Врз тебе паѓаат удари со патериците, клоци, тупаници, пцости, плунка.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
О
ти располагаш со бол
во тебе се прекршува колективот
и други показатели
О
во тебе се креваат револуции
граѓански војни
и љубов - збирна множина
О
во тебе паѓаат снегови
снегови
О
во тебе тапани
нерви и
булки од секакво потекло
О
во тебе се Тие
О
во тебе отпадоци
остатоци
недостатоци
вертикали и
разновидни
интимни
чувства
О
ти си едно минато
неопределено време
О
можеби си човек.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)