тебе (зам.) - сум (гл.)

Само пред тебе сум сигурна во себе... и не можам никому да се предадам како што се предавам на тебе...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Само пред тебе сум жена... само пред тебе ја соголувам душата уморна од животот... само пред тебе ги отворам картите на судбината..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ете така, да знаеш, јас за тебе сум Американец, разбра?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Нема да можеме да летаме? – го прашав, однапред знаејќи го одговорот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Далеку сум, но со тебе сум – ме допираше неговиот глас како летен тивок ветер што доаѓа откај Водно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Татко ѝ на жена му, слепиот Тимон, му велеше: „Побргу од тебе сум ги видел ѕвездите, зете, но тие не ја одредуваат судбината наша, туку ние самите си ја одредуваме...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Зад тебе сум, ти само гази, и одговарав.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И тебе сум те разбудил.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
„Кога ќе ти затребам ти само викни Ведране!“ ми довикуваше тој со таков глас како да се нашол наеднаш во далечните далечини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Сфати дека за тебе сум само Ведран! - и почна лудо да се смее, но смеење за кое и самиот не се надевал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се смееше мојот Човек, довикуваше, а знаев дека срцето му плаче.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Никако - рече - јас само за тебе сум!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Аман, бре штрку - му рекла мечката - ти и Господ, до тебе сум дошла да ми посигниш во грлово, што ми се запре една коска, од едно пусто магаре што го изедов.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Трајковица удри да се кара, да колни, леле ми го изедовте Трајко мил, леле Трајко шо ме остави сама, леле јас пустата сега без тебе сум без очи и опуљ – плачеше Трајковица и колнежите не ѝ секнуваа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)