Коската е моја. во дуња платно или збор страв што се листа скриен во дупка од сопствената стега над тебе цвета грмотевица бела роза бесна на мракот што прави „тик - так“ во твојата глава бела роза убава скоро како смртта забодена во реверот на новиот бог од утре измиена со насмевка како што заборавот само знае минуваш крај тоа и не постоиш или постоиш цртежи и текст: во дуња
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)