Жалам како ќе оставам тебе друг да гледат, друг да галит, — рече тажно Адем и се изгуби во пијанството, та почна да 'рка на миндерлакот, а Катето се искуба полека — полека од неговите канџи и напрсти, назаднички, излезе од одајата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)