тебе (зам.) - засекогаш (прил.)

Заборавот нека те однесе некаде далеку за да можам барем спокојно и достоинствено да го проживеам тоа што ми остана без срце и душа, зошто се ти припаѓа тебе засекогаш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Јас тебе засекогаш од заборав.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Зар сѐ уште имам снага да сакам, како кербер го чуваш моето срце, сѐ ми зема и тоа што ми го даде, едно лето и две зими.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Господ кога правеше план на раскрсниците на животните патишта да ни ги спои душите не помисли на мојата тврдоглавост.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога ќе бидеш крај мене почитувај ги моите чувства, грижи се никогаш да не ме распласчеш, докажи ми дека ме сакаш не за сто години, туку за цела вечност, покажи ми нежност, чувај ме за да бидам блиску покрај тебе засекогаш, зошто само љубовта е наша реалност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)