Искачи се на врв- себе и повлечи се
во подножјето има плодни почви
јаболка кои мирисаат на магдонос и нане
поради долгиот престој во ист сад
зборови кои се припикнуваат во пазувите
-мажјаци скокотливи, полнозначни, семеносни-
глетки кои трчаат по тебе како верни загари
времиња кои те опоменуваат
обѕрни се, објави се
но не застанувај
што погоре, толку подоле
она што во себе го имаш единствено го имаш.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
КЕВА: Дотаму, Теодосе! Од верата надвор да излезеш!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Јани се поднамести, се навали и рече: - Вие, како сакате, ама јас по војната ќе си седнам на сонце пред селската таверна, ракиче, салатче денес, утре винце и печено пиленце и ќе си гледам од далеку, од далеку ќе гледам на планињето, ќе си спомнувам за ноќите неспани и тогаш ќе дремам, мајчината, ќе дремам сѐ додека не ги оддремам сите непреспиени ноќи..., а кога ќе се разбудам, тогаш ќе ве гледам вас, будалаците, како кршите и делкате камен, како градите куќи или палати и тебе како одиш не по свој ум...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А празнината ќе продолжи да се влечка по тебе како празен ракав.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Русе седи на мостето, На мостето искршено, Банџе се вози во чунчето, Во чунчето на предница: (арија) Сам си весла, сам си прави, Песна пеи, лудо, сѐ за тебе, Песна пеи, лудо, сѐ за тебе Како да те, мори, граби! (арија) Бог да бие, Русе, твоја мајка, Твоја мајка, Русе, Ангелина, Што не те дава, Русе, кај што сакаш, Тук’ те дава, Русе, кај што нејќеш... (Додека Антица, потресена од песната, силно плаче, кумот расположен гордо го отресува ќесето и фрла бакшиш во дајрето).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
- А сега, татко, да те видиме и тебе како нишаниш...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Се туркаат како овци в трло, се тријат од тебе како говеда од плот... извалкани, ќирливи, смрдливи...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)