Затоа, кога си отидоа сите, му реков: - Никој не те тераше, ниту бараше од тебе толку да се преоптоваруваш.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Од каде, бре, кај тебе толку крв?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Стомниња, бардиња, грниња, на ти тебе толку, дај ми мене олку, мора, нешто да сме згрешиле, вели, и царот веќе одел на дрва и на ќумур, вели, сега мечката свирела, а царот играл, стомниња, бардиња, грниња, од ќуспе масло не се вади, и шути за нас на мечката, ја јаде крлеж под опашка, вели, и царот садел компири, стомниња, бардиња, грниња, вика Толе Грнчарот и си шеколка по патот, се оддалува, како подиставен од умот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Потстана и Бојка. - Божем некоја случајна гостинка, и тоа в бело, а тебе толку те вознемири! - рече таа, но мене не ми беше јасно дали станува збор за прашање или за прекор.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)