(Таква сигурност, тоа подоцна го видов, во циркусот немаше; никој таму не можеше да ти гарантира дека, иако си извел една точка на трапез повеќе од петстотини пати, ќе ја изведеш и петстотини и првиот пат.)
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Брат ми Ведран не пуши, јас ти гарантирам – повторив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
ЛУКОВ: Ти гарантирам дека во писмото ти не си спомнат.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
- Не разбирам што сакаш да кажеш – рече. – Брат ти е во Лондон и не знам за што зборуваш.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Ти гарантирам, дедо, дека летово ќе ти биде најинтересно од сите твои колибарски лета.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)