- Ќе ти избега, - му реков чувствувајќи дека сенката се обидува да се извлече од под мене.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Фатило да се темни. Денот зимен, кус, дури да се свртиш ти избегал. Зимата е само ноќ: долга и недогледна.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А понекогаш ќе ти дојде на чипаво зборот. За малку, без прашање, да ти избега.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не смееш ни шамијата да ја преврзеш, ни скутината да ја преопашиш, ако ти избегала настрана.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)