Најстариот не изустил богохулни зборови откако видел дека не е неговата калеша, а вториот гласно рекол сполај ти Господи за спасението на мојата перачка.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ќе ѝ пукне резил на момата!... Збери си го умот, што правиш! Жив ти господ!... (Му паѓа в нозе).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Сета мака, што тргаме овде, ет от проклети Грци, погани фанариотски владици и од разскапаната влашиштина, сполај ти Господи.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сполај ти Господи! нека чујат и другите наши братја бугари пак може да му се најде крајот да испаднеме на харен пат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ударот со токмакот по тилот го фрлил, зазбивтан, крај патот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Да му кажеш дека го вика мајка му на Зафира да дојде масло да свети...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Но кога се вели: прекрасен си ти Господе и чудесни се делата твои, тоа е така речено затоа што секоја плот, твар и ствар е во својот род совршена, и затоа што секоја се наоѓа во тесна врска со другите створови и сотворена е за извесна неопходна цел.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)