Фала ти што ми кажа кон кај треба да одам, му велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
– „Арно сторил тој што ти го зел клопчето, ќерко, ѝ рекла, оти од узур ќе ми везеш црна кошула, сосила ќе ми се правиш ти вдовица; Силјан ни е на аџилак со дуовникот, а пак ти сосила сакаш да умре и да не дојде; гревота е, а ќерко, ова ти што го правиш; моли Бога за Господ да ни го донесе, не туку плачеш и жалиш.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
- Сега и јас не гледам, му велам, сега е ноќ и никој ништо не гледа, - Е, фала ти што ми кажа, вели журчанчето, значи сега сме исто несреќни.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ти, единствена што го дослушуваш мојов шепот, ти што пред малку не избави од скаменувањето, не одземај ми го од раце суштеството што ја зароби мојата прва љубов, распарај ги смрачниниве и лилјаците и дигни ги видиците пред нашиов далечен пат!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)