А се случува богами напати таа вода да се престори и блатиште по кое потоа со денови ќе газиме и ќе си го валкаме умот“.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
XX А.А. не престануваше со своите загадочни и алузивни упатувања. На заминување тие стануваа уште понеизвесни.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
А кога ќе ги оставиш да си заминат и тие стануваат роднини на исчезнувањето. Иако не засекогаш.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сега тие стануваа и чмуреа со своите цигари. Тие ваши цигари, мислеше Змејко. И тие ваши полни бечви.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тие стануваа симболично писмо испишано на нивните мермерни тела чија порака можеше само да се почувствува.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Отпрвин тоа се бавни кругови околу Неда, но со време тие стануваат сѐ помали, додека тој не стигне до точката која е центар на кругот, веднаш зад Неда.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Јунаците во романот Бувар и Пекуше веруваа внесено во апсолутното, не можејќи да ги поднесат противречностите, понесени од нивниот идеализам тие стануваат херои на една необична интелектуална авантура на времето која завршува со гротеска.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)