А не се ни трудев да си ги научам студентите како да ја изговорат репликата, се разбира – предметот не ми беше геј- верзија ниту на Пигмалион ниту на Мојата красна леди и не бев некој геј- професор Хенри Хигинс, што зел да ги учи разните Елизи Дулитл од Ен Арбор како да му дораснат на геј- кругот – иако на крајот предавав за карикатурата и се трудев да ги изведам нејзините импликации, како што правам и тука.
А какви се тие импликации?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)