Мислата нагло му свртува
на друго: можеби, ако не ги делеше тие пари, ако ги дадеше за засилување на храната, ќе успееше да го направи оној нужен напор за освојување на последниот поен.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
А кој ќе ги плаќа тие пари и процентите од нив? – Пак ние.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Решението беше идеално за да бидеме заедно на море и плус да ги заработиме тие пари што ми требаа мене за уплата.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Сто марки се навистина бедна сума, но понекогаш може за тие пари да купите неколку кибрита ганџа и добро да ја проведете вечерта.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Со тие пари отворив фабрики за специјани автобуси и воведов компјутеризиран јавен сообраќај во целата Република.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ама, јас решив да штедам, два дена пропуштив и сладолед да си купам, оти ми беа избројани до денар парите што ги добив за џепарлак, само и само да можам да го купам прстенот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Можев со тие пари што ги потрошив за прстенот сто ластичиња за коса да си купам, или шнолички, па дури и прстен и бразлетна во комплет за мене.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Возможноста да ги имаат тие пари предизвикуваше кај Црните браќа слатки мисли.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
„Тоа нема да се прифати. Нема веќе пазарење.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Господине Мертен ние ги немаме тие пари.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Семјон ми вели: „Добар другар ми е оној Анатолиј, ама не кажува од каде му се сите тие пари за да купи автомобил.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Се разбира, делумно би можел да се понадева и на следната награда за празник, но тие пари веќе одамна се сместени и распоредени однапред.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Помислија дека е тој што ги става тие пари на иконата во црквата, а ги зема од неа важечките пари.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)