Сѐ додека оној не се смири и не остана сосема мирен крај тие темели, без да направи ниедно и најмалечко движење, загледан в земи и плеснат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Не велеа ниеден збор, тој остануваше само по неколку мига крај секоја нова група, онака заздишен, кога ќе ги видеше нивните избегани погледи тој уште веднаш продолжуваше понатаму, крај другите, третите, повторувајќи ги само оние свои пусти лудечки движења со своите раце, со тие огромни празни рачишта, навраќајќи по стотина пати во денот крај секоја група на тие темели, проклет.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)