Не велеа ниеден збор, тој остануваше само по неколку мига крај секоја нова група, онака заздишен, кога ќе ги видеше нивните избегани погледи тој уште веднаш продолжуваше понатаму, крај другите, третите, повторувајќи ги само оние свои пусти лудечки движења со своите раце, со тие огромни празни рачишта, навраќајќи по стотина пати во денот крај секоја група на тие темели, проклет.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Од сите прозорци, од сите врати, од сите процепи на бараките, сите ѕидари и сите малтерџии го гледаа пак оној човек, оној Големиот Ристан, целиот заскокан, како елен, како ги дига и ги префрла камењата од старите гробови, како ги дофаќа и ги фрла сите тие огромни стари ќиури, како ги заиверува еден во друг и како притоа камењата испуштаат црвени огнила.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)