А и тие неколку што ти преостанале, ти испаѓаат од устата. Гледај!“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тука е и олукот што ги исфрла полумртвите или само зашеметени пајаци, и лавабото (шолјата, лоша илустрација) во кој исчезнуваат тие неколку бубачки со кои детето си играло, трупајќи ги врз хартиените бродови и мерејќи колку долго можат да бидат под вода.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тие неколку години на специјализација се лиши од многу мали и поголеми задоволства што ги дава животот, од попладневни одмори, викенди, летувања…
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Во шумолењето лежеше само една реченица - не е јасна но смислата е заканувачка, лоша; тие неколку зборови на секој стар и мртов јазик, тие корени на мисла, на одамнешнината, му ги демнат движењата и стрепењето. Веќе се тресе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Кога Земанек дојде, му го предаде саксофонот и куферот; тоа беше истиот овој куфер во кој сега е пронајден и романот, и дневникот на Јан Лудвик, како и тие неколку книги што Лудвик ги читал.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
По тие неколку волшебни минути повторно седеа молкум, Томаица и понатаму беше во неговата прегратка.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
И можеа тие неколку дена, додека се искрадуваа, да ги гледаат пренатрупаните патишта со сиот имот на државата, беше како некој да ги имаше истресено, исфрлено, крај главните и други друмови, сите државни магацини, сите воени резерви, сите комори, заедно со нераспрегнатите коњи и сите други воени возила, запрени, или стркалани крај џадињата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Да не е овој автентичен запис, никогаш не ќе си спомнев како се одвивале тие неколку дена.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Често, тие неколку лажички така се зафрлуваа што тој немаше со што да си направи кафе, и,во таквите случаи беше готов да направи скандал со што, всушност, си го оттргнуваше вниманието од она на што требаше да го сосредоточи.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Тие неколку деноноќија ги минав во хотелската соба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)