А кога Турците прашаа: „нерде ди?“ тие ја покажуваа со глава и раце пространата планина со еден единствен збор: „балкана“.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Страшно се лутеа офицерите и чаушите ако некој од селаните речеше: „јок“, на таквите им удираа стопати повеќе бој отколку на тие што велеа „вар“.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- За тие што посегаат по туѓо законот нека е жив. И министрите. И градската полиција.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)