Прво тоа одеше со зборови, но се чини дека и двајцата не се чувствувавме многу јаки во љубовната дијалектика, и затоа наскоро преминавме кон нешто понагледно, кон премерување на своите физички сили.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тој тип пред тоа одеше по мене од кафез во кафез, павијански им се клештеше на азиските мајмуни со запалени задници, се згрбуваше пред тромавите камили со измитарените вратови, ја издолжуваше шијата и се обидуваше нешто да им шепне на жирафите.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Прашав зошто, како, каде тоа води, кој си ти, каков си, каде тоа одиш.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Тој тип пред тоа одеше по мене од кафез до кафез, павијански им се клештеше на азиските мајмуни со запалени задници, се згрбуваше пред тромавите камили со измитарени вратови, ја издолжуваше шијата и се обидуваше нешто да им шепне на жирафите.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Таквите уште си мислат Дека е најважно што си каснал пред спиење Па откако ќе видат дека од кркање не се прават сонови Се отепуваат пиејќи апчиња за спиење и против запек Пред тоа одат и на фитнес и на тенис Ама од тоа не се крепи ни сон ни пенис
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Кучето не се двоеше од него и каде одеше тој и тоа одеше по него: по полето и планината.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Се радувам кога ќе го најдам кодот на нечиј свет и кога ќе се потврди дека сѐ што е живо има допирни точки. Понекогаш тоа оди само по себе, се случува спонтато.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Тоа оди отприлика вака -партизаните се пробија, партизаните го скинаа обрачот, или нешто слично, се до конечното ослободување.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)